Реакцијата во Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.
– Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет, рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Македонија.
Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.
– Колегите во Република Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент, додаде Генчовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.