На седницата на Европскиот парламент беше усвоен амандман кој се однесува на комесарот за проширување Оливер Вархеји и со кој се бара да се покрене независна истрага за неговото однесување во однос на земјите кандидати.

Од 632 пратеници, за него гласале 357, против 180, а воздржани 95, пишува N1.

Во амандманот на резолуцијата, чиј автор е претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер, изразува длабока загриженост поради извештаите дека комесарот за соседство и проширување „намерно сака да ја заобиколи и поткопа централноста на демократските реформи и реформите на владеењето на правото во Земјите пристапни во ЕУ“.

Понатаму, Комисијата е повикана да иницира независна и непристрасна истрага за тоа дали однесувањето и политиките што ги спроведува Комесарот за соседство и проширување претставуваат прекршување на Кодексот на однесување за членовите на Комисијата и договорните обврски на Комесарот.

Амандманот е усвоен, но резолуцијата, да потсетиме, не е обврзувачка, потсетува Н1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.