Следната недела во Бугарија пристигнува во посета европскиот јавен обвинител Лаура Ковеси на покана од премиерот Кирил Петков.
Министерката за правда Надежда Јорданова на Нова ТВ рече дека ќе се разговара за тоа како најдобро да се спротивстави Бугарија на високата корупција, особено кога таа е поврзана со европските фондови,
Една од важните работи на кои работиме е антикорупциската комисија да може да контактира директно со Европските обвинители кога би откриле корупциски кривични дела со европските фондови, појасни министерката Јорданова.
Таа рече и дека во среда Националното собрание ќе го разгледа на прво читање предлог-законот за специјален суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.