Ненадејната посета на Зоран Ѓинѓиќ на Америка во мај 2002 година ја запечатила судбината на српскиот премиер, кој беше убиен една година подоцна, пишува „Република.рс“.

Нему му бил даден список со шест барања во САД  за кои тој веднаш по напуштањето на состанокот во Вашингтон рекол.

„Нема да го преживеам ова“.

Ова стоело во барањата за Ѓинѓиќ

1. Соработката со Хаг мора да биде приоритет на сите приоритети. За ова се предвидени исклучително кратки рокови
2. Решавање на косовското прашање без да се прават никакви отстапки за српските интереси
3. Зајакнување на невладиниот сектор, државата мора да го преземе финансирањето на невладините организации
4. Запирање со корупција, апсење дури и некои луѓе од опкружувањето на Ѓинѓиќ, првите борци на 5 октомври
5. Доближување до ЕУ, целосно почитување на законите на Унијата, без разлика колку економски ја чинеше Србија
6. Целосна реформа на судството во консултација со западните ментори



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.