Претседателот на Турција, Рeџеп Тајип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција.
Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне“ во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место“ и да „се сети на историјата“.
Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни“.
На претходните закани реагираше и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас при што испрати писма до НАТО, ЕУ и ОН.
Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент, напиша тогаш Дендиас.
Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.