Излегуваат нови детали за спасувањето на туристите на плажата„Мити“ во Посиди од кои еден речиси сигурно е од Скопје а другите двајца се најверојатно Срби.
Како што јави грчката телевизија „Скај“, исчезнатите лица на возраст од 25, 30 и 32 години го прославувале роденденот на забава на плажа. Тие скокнале во водата и ги однела струјата. Се верува дека тие влегле во водата под дејство на алкохол.
Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три брода на крајбрежната стража, а во потрагата по исчезнатите биле вклучени и приватни чамци. Спасувачките тимови се тркаат со времето додека паѓа темнината.
Во областа Позидија дува ветер од 5 до 6 степени бофор.
Младиот човек (25) кој бил извлечен од водата наводно е во шок и бил пренесен во болница бидејќи голтнал морска вода, изјави спасувачот за ТВ ЕРТ.
Градоначалникот на Касандра за njuzit.gr изјави дека тројцата мажи скокнале во водата од место кое е опасно поради струи и во денови без ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.