Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко Радиша.

Денеска сведочеше и Јован Митровиќ, брат на убиениот Петар и прв братучед на убиениот Марко.

Откако ги сподели мачните детали од моментот кога го пронашол братот со рана на главата и како „летал“ кон болница, тој му се обрати и на обвинетиот Радиша Блажиќ.

Само да му порачам нешто на Радиша. Зборуваш за чинови, дека си чесен човек. Си згрешил во најважната животна задача. Овај мајмун овде ти го воспита, а и тој што излезе и сега ни мава „лајк“ како сè да е во ред. А ти мајмуне, ова татко ти ти го овозможи ова, така? Смрден еден, јас сум Јован Митровиќ, ми ги уби двајцата браќа. Само гледај ме, ќе ти ја е*ам мајката, му свикал Митровиќ и тргнал кон убиецот Блажиќ да го тепа, но бил спречен од обезбедувањето.

Адвокатот Небојша Перовиќ побара во судскиот записник да влезе и непримерната реакција на обвинетиот на овие зборови.

Додека Јован му се обраќаше на обвинетиот, видно вознемирен поради тоа што му се убиени двајцата браќа, тој направи еден крајно дрзок потег, клима со главата во смисла „важи, важи“. Значи имаме ноншалантен психолошки однос на обвинетиот. Дали ќе продолжи таму каде што застана откако ќе ја отслужи казната?, прашува Перовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.