Дронот кој падна во Загреб пред три дена е изваден од земја, а официјалните хрватски институции соопштија дека тој носел експлозив.

На овој летачки објект пронајдовме делови од авоинска бомба. Авионска бомба на она што можеме, врз основа на овие фрагменти да заклучиме е исто така производство на Советскиот Сојуз. Таа како и сите останати елементи е пренесена од ова подрачје и по подлабока анализа и реконструкција ќе можеме точно да кажеме кој тип и со која цел, но засега можеме да потврдиме дека станува збор за авионска бомба која се користела на авионите, произведени во Советскиот Сојуз, вели Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.