Група вооружени лица убиле маж во Пном Пен, главниот град на Камбоџа, а како што пренесува „Курир.рс“, се работи за Србинот С.Д.(37).

Убиството се случило во саботата, половина час пред полноќ во луксузен дел од градот.

– Пред пукањето, очевидци виделе неколку мажи во автомобил како се возат низ хотелот, а потоа слушнале најмалку три истрели – пренесува порталот „khmertimeskh“.

Локалната полиција потврди дека до пукањето дошло и соопшти дека жртвата починала при пристигнувањето во болница од тешки повреди. На местото на злосторството остана видлива голема крвава дамка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.