Добиени се анонимни дојави за поставени бомби на повеќе локации во Белград, пренесува РТС.

Екипи на српската полиција утврдиле дека дојавите за поставени бомби на аеродромот „Никола Тесла“, во црквата Свети Марко, обложувалницата „Меридијан“ во Бањица, редакцијата на Курир и во Студентскиот дом, биле лажни.

Се проверуваат другите локации, за кои има дојави за поставени бомби.

Инаку во изминатите неколку месеци Србија често беше мета на лажни дојави за бомби, а во мај годинава беа идентификувани локации од вкупно 19 мејл-адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за подметнати бомби на повеќе локации во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.