Додека траела седницата на Народното собрание на Република Српска, Велика Британија известила за воведувањето на санкции за Милорад Додик и Жељко Цвијановиќ. Тоа видно го разлутило членот на Претседателството на БиХ кој веднаш бесот поради новиот развој на настаните го истресол на опозицијата во РС.
Веднаш по објавата за британските санкции за двајцата највисоки службеници од Република Српска, Милорад Додил излегол на говорницата во НСРС, ја прочитал пред сите веста за санкциите, а потоа тргнал на едно сложено наративно патување во кое многу често ги менувал темите и бил видно вознемирен.
Пред да ја прочита веста, рекол:
“Јас немам никаков имот во Велика Британија, а таму не сум бил 10 години”.
После тоа мирно ја прочитал изјавата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која објаснила зошто му воведуваат санкции наведувајќи дека нејзините зборови се многу слични на оние кои за себе ги слуша од СДА.
Посебната можност за спектакл очигледно ја видел во тоа што во соопштението на британското министерство е напишано дека санкциите му се воведуваат на “лидерот на босанските Срби”, поради што се завртел кон пратеникот на НСРС Сенад Братиќ и му рекол:
„Еве, ние сме босански Срби, а вие сте Бошњаци, се изборевте за таква меѓународна класификација“.
После тоа почнал да ја напаѓа опозицијата, удирал по говорницата, а променил и толку теми што било тешко да се следи.
„Три лица од врвот на ПДП имаат недвижнини во Лондон, ја немам“, порачал Додик и по уште неколку теми за кои немал причина да зборува на посебната седница, ја напуштил говорницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.