Австриската полиција покрена истрага против Никола Вушовиќ (34), познат како Џони од Врачар поради сомнение дека во таа земја киднапирал и мачел син на хрватски бизнисмен, а потоа побарал откуп oд еден милиони евра од неговиот татко, пренесува Јутарњи лист.
Вушовиќ беше уапсен на 18 октомври во Барселона.Киднапирањето на синот на хрватскиот тајкун се случил пред четири и пол години во хотел во центарот на Виена.
Интересно е што киднапираната жртва тврди дека не го киднапирале и оти се било измислено.
Тоа се дезинформации, немало киднапирање. Не сум бил ни во тој хотел во Австрија за кој зборуваш. Не познавам никаков Никола Вушовиќ – рекол синот на тајкунот.
Таткото на киднапираниот бил дел од нафтениот бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.