По убиството во училиште во центарот на Белград, сите се прашуваат што го натерало ученик од седмо одделение да го изврши ова грозоморно злосторство, анализира „Курир.рс“.
Што направи одличен и талентиран ученик, успешен спортист и чудо, како што го нарекуваа во околината, да убие девет луѓе во училиштето?-прашува весникот.
Училишните другари на уапсениот тринаесетгодишник и настраданите се во шок по трагедијата и со солзи за „Курир,рс“ изјавија дека ова момче претходно не било проблематично, но го опишуваат како чуден.
Одел на натпревари
– Беше тивок, повлечен, не се дружеше премногу со никого, беше малку чуден, но со него немаше никакви проблеми. Тој е меѓу најдобрите ученици во своето одделение, тој беше првенец и одеше на натпревари по повеќе предмети – ни раскажува еден од учениците на училиштето.
Го малтретирале пријателите, бил жртва на насилство од врсници, а на инсистирање на родителите бил префрлен во друга смена. Беше мирен, добар ученик, раскажува еден од родителите на неговите соученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.