Денешната одлука на Централната изборна комисија на Албанија да му се одземе мандатот на Фреди Белери, без воопшто да положи заклетва како градоначалник на Химара, претставува новопојавена практика и претходно одреден исход на процесот со многу прашалници во однос на основните принципи на владеењето на правото, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението по одлуката на ЦИК за Белери, кој воедно е и избран европратеник од Нова демократија, од грчкото МНР велат дека „Грција навреме ја изрази својата силна загриженост за одземањето на презумцијата на невиност, за интегритетот на доказниот процес, за забраната да положи заклетва, за изречената непропорционална казна, како и за фактот дека со општина Химара веќе една година управуваат неовластени лица“.

Дополнително уште еднаш посочуваат дека албанските власти имаат обврската да ги преземат сите неопходни мерки за веднаш да му овозможат на Белери да учествува во работата на Европскиот почнувајќи од седницата на 16 јули во Стразбур.

Белери (52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, 240 километри јужно од главниот град Тирана. Два дена пред изборите, беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога е во притвор, поради што и не положи заклетва.

Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец на Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, му ја потврди двегодишната затворска казна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.