Припадници на српското МВР, нуркачката единица на жандармеријата, од езерото на Ада Циганлија во Белград извлекле тела на две шеснаесетгодишни деца

Претходно во полиција околу 17:30 часот на 5 јуни, било пријавено дека голем број матуранти влегле во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале.

Полициски патроли, како и Нуркачката единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и ја почнале потрагата.

На местото на настанот пристигнал и таткото на еден од повредените тинејџери. Се струполил на земја и викал да го пуштат да го види детето.

Дајте да  го видам син ми, дете мое, моја среќо!“, молел низ солзи очајниот татко.

Српското МВР уште еднаш апелира до децата и родителите да не влегуваат во езерото на Ада Циганлија бидејќи со тоа си го ризикуваат животот.

Имајте предвид дека сезоната за капење не е отворена кај Ада Циганлија и затоа нема дежурна спасувачка служба на ова место, се вели во полициското предупредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.