Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи шест дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора за персона нон грата, соопшти владата.
Како што се наведува, ваквата одлука е донесена поради активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на заемно почитување и почитување меѓу двете држави, пренесува РТЦГ.
Неколку лица се уапсени во денешната акција на Агенцијата за национална безбедност, изјави претходно премиерот Дритан Абазовиќ.
Тој изјави дека акцијата е од меѓународен карактер и дека само црногорското Специјално државно обвинителство може да ги соопшти имињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.