Малиот приватен јадрански остров Мали Космач во Хрватска, во подрачјето Сплит-Далмација, се продава за 700.000 евра, според агенцијата за недвижности цена што може да достигне и до еден милион евра, објави загрепската телевизија Н1.
Островот има површина од 5.000 квадратни метри и е во сопственост на жител на градот Винишче. Понуден е на пазарот во 2016 година. Но, продажбата е отежната поради тоа што на островот не е дозволена градба, како и тешкиот пристап до него поради острите карпи коишто го опкружуваат.
Погоден е главно за земјоделство, според условите во областа.
Хрватска има 1244 острови и помали островчиња, од кои 66 се населени. Повеќе од 80 отсто од островите се во државна сопственост, а останатите се во приватна сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.