Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Бугарија е подготвена да ја одобри првата меѓувладина конференција за Македонија со ЕУ, веднаш откако ќе го потпишеме билатералниот протокол.
Денеска Собранието донесе одлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, објави бугарското МНР на Твитер.
Порано денеска бугарското Народно собрание, со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 „воздржан“, усвои декларација со која, како што се наведува во текстот, се утврдуваат условите под кои Република Бугарија може да ги поддржи следните чекори во процесот на европска интеграција на Република Македонија.
За неа гласаа пратениците на ГЕРБ, Демократска Бугарија, ДПС и Продолжуваме со промените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.