За време на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија, не било покренато прашањето дали амбасадорката на  Македонија Агнеса Руси Поповска да биде поканета од администрацијата на Собранието, на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, изјавија за дописникот на МИА од Софија од прес-ценарот на „Демократска Бугарија“.

Оттаму, како што јави дописникот на МИА од Софија, беа категорични дека според нивните претставници кои учествувале на средбата, станува збор за апсолутно неточна информација, дека било поставено прашањето дали Руси Поповска да биде поканета или не на првата седница на 48-то Народно собрание.

Претставниците на политичките партии во новиот бугарски Парламент, потсетува дописникот на МИА од Софија, вчера се договорија да не ги поканат амбасадорите на Русија и на Белорусија во Софија, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјаснија против присуството на амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова на првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржи на 19 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.