Доцна синоќа биле хакирани голем број бугарски електронски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста.
Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати.
Само bTV не беше погодена од нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.