По предлог од четворица членови на бугарското Јавно обвинителство денеска Врховниот судски совет на пленарна седница предвремено го разреши од функцијата главниот обвинител во земјата, Иван Гешев, поради говор што му штети на престижот на судството.

За предлогот гласаа 16 членови на советот, додека четворица беа против.

Гласањето се одржа во отсуство на јавниот обвинител.

Иван Гешев ја презеде функцијата главен обвинител на почетокот на 2020 година. Неговиот мандат е седум години. За да биде сменет од функцијата потребно е Врховниот судски совет да ја испрати подлуката до шефот на државата и тој да потпише указ за разрешување од функцијата „Главен обвинител“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.