Kанцеларијата на Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека поради влошување на неговите хронични болести, неговата светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит е примен на дијагноза и лекување во болницата „Софијамед“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението се повикуваат свештениците, епископите и верниците во Бугарија да се молат за брзо заздравување на неговата светост, како и да ги прифатат како веродостојни информациите објавени само од Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија.
Неофит за поглавар на Бугарската православна црква беше избран на 24 февруари 2013 година, претходно беше митрополит на Русе, а за време на расколот беше главен секретар на Светиот синод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.