Бугарскиот парламент донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.
И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја фаворизира рафинеријата Лукоил Нефтохим, известува бугарскиот портал Новините.
Дополнителниот данок на рускиот гас беше укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.