Професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ изјави дека од почеток е против ветото и дека официјалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот.

Додаде дека дијалект не се употребува во сите општествени сфери.

На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект, вели Ќосев.

Вели дека јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“. Вели дека ветото доведе до тоа да се скараат два братски народи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.