Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјавите на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова ги опиша како „мешање во внатрешните работи на земјата“. Генчовска, ова го кажа по учеството на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова за руски ТВ канал изјави дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската влада против Москва. Министерката Генчовска, коментира дека на денешната работна седница на бугарската Влада се разговарало на темата, која ја соопштил и премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Се разговараше за последните изјави на Митрофанова, кои се мешање во внатрешната политика на земјата. Ништо конкретно не се разговараше за неа, рече шефот на бугарската дипломатија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.