Бугарските цариници на граничниот премин „Капетан Андреево“ помеѓу Бугарија и Турцијапри контрола на комбе открија и конфискуваа 35 пиштоли и четири празни рамки за муниција, соопшти бугарската Царинска агенција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на граничниот премин „Капетан Андреево” пристигнал минибус со странска регистрација, управуван од 47-годишен возач, кој сам патувал од Турција за Германија.

Шверцуваното огнено оружје е запленето, а против возачот е поднесена кривична пријава.

На бугарско-романската граница, пак, во камион царинарниците откриле 557.000 евра, сокриени во камион кој превезувал прехранбени артикли од Холандија во Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.