Претставници на бугарските клубови во Охрид, Битола и Прилеп од Македонија биле сослушани во бугарската Собраниска Комисија за политики за Бугарите надвор од Бугарија, објави БНТ.
Тие се пожалиле на систематско кршење на правото на слободно изразување и етничко самоопределување на бугарските граѓани во Република Македонија и побарале сериозно следење и поактивна помош од Бугарија и нејзините европратеници во Брисел.
Нема дејствије од ваша страна.Структурите во Македонија кои се борат против нас тоа го користат и секој ден си дејствуваат.Секој ден нешто ново против некој македонски Бугарин-се пожали Владо Шатаров од Битола.
Претседателот на Парламентарната комисија во 48. Народно собрание Костадин Костадинов од „Преродба“ ги запознал со текстот на писмото што го подготви до вршителот на должност премиер на Бугарија Галаб Донев со детално објаснување за проблемите на Бугарите во Македонија и со инсистирање на средба. Заменик-претседателот на Комисијата Елисавета Белобрадова од „Демократска Бугарија“ изјавила дека ќе се подготви детален извештај на оваа тема и ќе биде доставен до Европската унија. Белобрадова ги информирала своите колеги дека бугарските училишта во регионите на Украина окупирани од Русија се затворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.