Лидерката на БСП Корнелија Нинова го врати неисполнетиот третиот мандат за формирање влада, една недела по преземањето.

„Направивме се што е потребно за да го исполниме третиот мандат, донесовме важни задачи за редовна влада и парламент – Шенген, буџет за 2023 година и реформи во правосудството. Ги поканивме сите страни на разговор. Стана јасно дека нема договор и мнозинство за формирање на влада, затоа го враќам третиот мандат“, рече Нинова, пренесе БГНЕС.

„Ви честитам за напорите. Очигледно не е најдено решение во оваа политичка ситуација, посакувам успех на парламентарните избори“, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.

Тој ја поканил Централната изборна комисија да даде повеќе информации за подготвеноста за претстојните избори и врз основа на овие информации да донесе одлука за распуштање на 48-то Национално собрание и датум за следните избори во земјата.

Ова беше последна можност да се создаде влада во рамките на 48-то Народно собрание според Уставот, откако пропаднаа првите два обиди за формирање редовен кабинет.

Во првиот мандат доделен на ГЕРБ-СДС, кандидатот за премиер проф. Николај Габровски собра само 115 гласа за поддршка, а 125 пратеници гласаа против.  По неуспехот на ГЕРБ-СДС да формира влада, ПГ на „Продолжуваме со промените“ ја изнесе кандидатурата за премиер на академик Николај Денков, кој ги повика сите партии на разговори за формирање влада. ПП подготви декларација со заеднички приоритети, која собра само 63 гласа за поддршка во пленарната сала. Една недела подоцна, ПП му го врати неостварениот втор мандат на претседателот Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.