Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години, а потпиша и указ за именување на нова преодна влада предложена од предложениот за привремен премиер Димитар Главчев.
Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.
Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петкова.
Разликата меѓу новата и старата привремена влада на Димитар Главчев е разрешувањето на министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, на чие место ќе дојде поранешниот шеф на Националната полиција Атанас Илков.
Исто така, освен премиерската функција, Главчев повеќе нема да ја извршува функцијата министер за надворешни работи. Шеф на дипломатијата на Бугарија ќе биде поранешниот заменик министер за надворешни работи Иван Кондов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.