Опозициската националистичка партијата „Преродба“ соопшти дека не ги прифаќа условите од францускиот предлог за Македонија, кој е испратен до бугарскиот парламент и со кој се предвидува почеток на преговори за ЕУ ​​со Скопје, со загарантирани бугарски барања преку преговарачката рамка.

Предлогот на Франција е апсолутно недозволив затоа што зборува за малцинства, зборува и за два различни народи и граѓани на други народи кои живеат во рамките на Македонија, а со кој документ во пракса се предвидува Бугарија да се согласи за постоење посебен македонски јазик – нешто тоа е апсолутна измислица, изјави заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика Ангел Георгиев кој е од оваа партија, објави епицентер.бг.

Во знак на несогласување, „Преродба“ во вторник во 17 часот ќе организира протест пред Народното собрание. За тој ден се планирани расправите за гласањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

Во бугарското Собрание со 240 пратеници „Преродба“ има 13 пратеници. Откако „Има таков народ“ ја напушти владината коалиција, мнозинството во Парламентт има 109 пратеници („Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија„ и БСП), а за мнозинство им се потребни 121. Вчера пратениците на ГЕРБ, „Преродба“, ДПС и ИТН му изгласаа недоверба на претседателот на Собранието Никола Минчев со 125 гласа. Денеска ИТН, која првично во Собранието имаше 19 пратеници, ја напушти и шестиот пратеник од нејзините рредови, откако Кирил Симеонов од собраниската говорница во бугарскиот парламент објави дека излегува од неговата досегашната партија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.