Комисија за заштита на потрошувачите во Бугарија извршила 350 инспекции надзори на маркетите кои изминатите денови објавија промотивни цени, а при тоа немаа доволно количини за продажба од истите производи, при што се создадоа панични метежи во продавниците. Еден повозрасен маж во Бургас почина додека чекал во редица од 300 метри, а беа објавени и снимки на кои се гледаат инциденти.
Ова го изјави Димитар Маргаритов, претседател на комисијата, за бТВ. Луѓето ќе разберат дека ќе има продажба по промотивни цени и се собираат да купат, и тоа во што поголеми количини, објасни тој.
– Во инспекциите идентификуваме случаи во кои недостасуваат количини бидејќи на редовните им престануваат испораките, односно добавувачите не ги исполнуваат своите нарачки. Одговорните кои создаваат вештачка тензија, ќе бидат казнет. Оваа приказна ќе се разоткрие, изјави Маргаритов.
Тој додаде дека по закон кога трговците се обврзуваат да продаваат на своите клиенти по промотивни цени и не ги почитуваат, им следува санкција.
– На пример, ако имаат објавено илјадници брошури и не можат да ја обезбедат стоката по оваа цена, додаде Маргаритов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.