Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека дало дозвола за летот на специјалните воздухопловни сили „Росија“ со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за Македонија, во својство на вршител на должноста претседавач со ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-от состанок на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, соопшти прес-центарот на Министерството.

Дипломатското овластување за прелет е од привремен карактер и важи 3 часа пред и 72 часа по назначениот датум. Детали за датумите од временската рамка не се објавени.

Дадената дозвола се однесува на учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и спаѓа во исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ против него.

Дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои исто така се санкционирани лица, според важечкиот закон на ЕУ, што е експлицитно наведено во одговорот на бугарската страна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.