Премиерката Ана Брнабиќ за РТС изјави дека Србите на северот на Косово се на барикадите затоа што бараат основни човекови права и ништо повеќе. Таа посочува дека се плаши од ескалација, но дека „ќе направиме се за да го зачуваме мирот и некаква стабилност“, пренесе Н1.
Таа вели и дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница и дека Србите во Косово можат да ги слушнат Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите, но и тогаш не баш добро.
„Србите во Косово и Метохија се на барикадите затоа што бараат основни човекови права, но навистина основни човекови права и ништо повеќе“, изјави Брнабиќ за РТС.
Посочува дека и тие ги напуштиле институциите само затоа што барале по повеќе од десет години почитување на Бриселскиот договор.
„На крајот на краиштата, тие се во тие институции благодарение на тој бриселски договор, па кога Албин Курти вели дека нема бриселски договор за него, тогаш не знам точно што е проблемот што Србите не се во институциите“, додаде премиерката.
„Вака почна декември и декември завршува, којзнае како, но засега со повеќе од 16 брутални провокации, прекршување на Бриселскиот договор, упади до заби на вооружени припадници на косовската полиција, специјалните сили во северно од Косово – што значи брутално кршење на Бриселскиот договор“, цитира.
КФОР со бодликава жица го блокираше пунктот Јариње, забележана е зголемена борбена готовност, вооружените косовски специјалци со денови маршираат на северот на Косово.
„Се плашам од ескалација, ќе направиме се за да го зачуваме мирот и некаква стабилност, иако за жал не гледам дека има стабилност за Србите на Косово“, додаде Брнабиќ.
Таа посочува дека Белград ќе продолжи да разговара со меѓународната заедница, пред се со Брисел и дека такви разговори се одржуваат секој ден.
На прашањето дали верува дека ќе има поголем притисок од меѓународната заедница врз Албин Курти, Брнабиќ вели дека го очекува тоа.
„Очекуваме меѓународната заедница, пред се од Брисел, но и од Вашингтон, да изврши притисок врз Приштина што поскоро да го спроведе Бриселскиот договор, што значи формирање Заедница на српски општини. Ги добивме сите гаранции од претставникот на САД Ескобар дека тоа ќе го направат во најкус можен рок“, нагласува премиерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.