Дека нема вечни непријатели туку само вечен инетерес доказ е и врската помеѓу челниците на Србија и Црна Гора. Иако двете земји не се во добри односи тоа не им пречи на властите да имаат бизнис релации.

Како што пишува весникот „Данас“ братот на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, Џихан,  и партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, Милица во Белград отворија болница. „Bio cell hospital“  е една од најмодерните во Србија.

Само што ја отворивме оваа болница, секако дека ќе ја прошириме, но ништо конкретно не таргетиравме и не можеме сега. Можеби сум премногу амбициозен, но не ги гледам само Белград, Србија, Црна Гора или регионот како пазар, туку многу пошироко. Инаку, ги забавивме сите други активности бидејќи вработивме 76 лица одеднаш, планираме да вработиме повеќе од 130 до крајот на годината-признава Абазовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.