Нермин Сулејмановиќ денеска уби три лица и рани уште три во градот Градачац во Босна и Херцеговина.
Неговите жртви, освен полицаецот, не биле случајно избрани, беше откриено на прес-конференцијата што ја одржаа министерот за човекови права на Босна и Херцеговина Севлид Хуртиќ, премиерот на кантонот Тузла Ирфан Халилагиќ и министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ.
„Ова е голем срам за нашето општество. Добив информација дека 12.000 луѓе го следеле настанот во живо, на 126 луѓе им се допаднал. Тие беа среќни гледајќи ја туѓата несреќа. Ние како општество треба да бидеме загрижени каде одиме и до каде ќе одиме.Ве молам да ги намалиме тензиите и да помогнеме колку што можеме.Во 2021 и 2022 година 19 жени беа убиени во фемицид.Еве уште едно убиство.
Денеска разговарав со психолози, тоа е она што предизвика страв кај жените да пријават што се случува во нивното семејство затоа што имаш криминалец кој претепал жена, а потоа ја убил. Што да се прави? Зборував со министерот за полиција и социјална работа, тие можат да работат до одреден степен, судството мора да ја заврши оваа приказна.
Мора да извршиме притисок. Имавме случај на жена претепана за една плата, а сега убиство. Ако не реагираме, прашање е кој е следен. Би ја замолил пошироката јавност да не го заборави ова по два дена и да го чека понеделник. Ова може да се повтори во секое семејство и град. Ве молам новинарите – вршете притисок врз нас и барајте да се смени законот, законот за фемицид да биде што поригорозен, за овие луѓе никогаш повеќе да не излезат од затвор“, рече Хуртиќ во Градачац.
Премиерот на ТК Ирфан Халилагиќ се осврна на тоа дека околу стотина луѓе „лајкувале“ на видеото од убиството на жената.
„Се прашувате, дали е можно меѓу нас да има луѓе кои поддржуваат ваква брутална ликвидација? Тоа е проблем на општеството за кој ниту еден поединец не може да даде точен одговор. Тоа е длабок проблем и се надевам дека покрај она што е потребно, ќе го направиме она што ние како претставници на системот сме одговорни да го направиме и да почнеме да копаме подлабоко во нашето општество, семејства, начинот на воспитување и системот на вредности кој преовладувал и не е добар и е еден од главните причини за таквите луѓе да се третираат како пример“, рече Халилагиќ.
Тој најави формирање анонимна линија за случаи на насилство и рече дека „жените мора да имаат повеќе храброст и да одат до крај и да не ги повлекуваат своите изјави, а зад овие жени мора да застанат кантонот, ентитетите и државата“.
„Треба да се иницира измена на Кривичниот законик, луѓето кои злоупотребуваат жени да добијат повисоки казни. Значи шамарите да бидат 6 месеци или една година затвор, а убиството да биде 40 години затвор. Сите ние како држава, народот а граѓаните треба да преземат поголема одговорност, кога соседот ќе го слушне офкањето на сосетката, да го пријави и да не кажува дека тоа не е моја работа“, рече тој.
Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла Хајрудин Механовиќ изјави дека во денешната акција учествувала и МУП на Република Српска бидејќи Сулејмановиќ бил поврзан со други криминални лица кои исто така биле од нивен интерес. Тој наведе дека првите индиции се дека не се работи за случајни, туку планирани ликвидации и дека жртвите се лица со кои убиецот имал одредени врски.
„Семејното насилство последен пат е документирано пред еден месец во ПС Градачац, кога не е изречена мерка забрана за пристап до семејството затоа што жената плашејќи се за себе, ја повлече изјавата пред судот и судот не оцени дека нејзиниот живот е во опасност , значи не ги определи мерките. Тоа е системска грешка која некој мора да ја отстрани.
Често се прашуваат полицајците, жаргонски кажано, зошто задржавте човек од тој калибар на улица? Требаше ли полицијата незаконски да го држи во затвор? Се знае кој известува, кој гони и кој осудува. Со денешниот пренос во живо добивме потенцијално Бог знае колку слични ликови кои се желни за пет минути слава и подготвени да ги ризикуваат своите и животите на другите. Тоа треба да се регулира со државна регулатива“, рече Механовиќ.
Тој истакна дека жената што ја убил Сулејмановиќ не била мажена за него, туку дека имаат дете и дека било поднесено барање за брак. Двајцата мажи, татко и син кои исто така беа убиени, биле во врска со Сулејмановиќ, кој бил во врска со нивната ќерка, односно сестра, а таа денеска е ранета, а судскиот процес поврзан со нивниот случај е во тек.
Да потсетиме, Обвинителството на кантонот Тузла денеска соопшти дека убиецот пред три дена бил пријавен за семејно насилство. „Не беше вчера, туку пријавата беше поднесена пред три-четири дена, а кога почнавме да го документираме тој настан, се искористија придобивките од законот, односно можноста да не се сведочи, така што самата кривична пријава за семејното насилство е повлечена“, рече портпаролот на Обвинителството, пишува хрватски Индекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.