Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов се закани дека бугарскиот гнев е најстрашен на Балканот и Македонија ќе го искуси ако не бидат казнети виновните за нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид Христијан Пендиков.

Борисов денеска се сретна со мајката на Пендиков и кажа дека средбата треба да биде јасна порака за македонските власти.

Најстрашното на Балканот е да ги налутите Бугарите. Нашиот гнев не е безопасен. Нашата љубов кон вас како држава е огромна, но и гневот ни е тежок. Македонија ќе го искуси, ако властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, кажа Борисов на средбата со мајката на Пендиков.

Бугарија првпат стави вето за македонските евроинтеграции во ноември 2020 година, кога премиер беше Борисов, а министерка за надворешни работи, неговата сопартијка Екатерина Захариева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.