Се разгоруваат тензиите на Косово. Припадниците на косовската полиција распоредени на административниот премин Јариње не дозволуваат сообраќај на возила, а според дел од регионалните медиуми премин им е забранет и на пешаци.

Ваквата интервенција следува откако српските граѓани кои живеат во овој дел од земјата поставија блокади на дел од пристапите кон овој премин како одговор на денешното апсење на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.

Пантиќ на 5 ноември ја напушти оваа институција заедно со своите колеги, кои дотогаш беа вработени во полициската станица во Косовска Митровица.

Косовската полиција соопшти дека затворањето на преминот е поради безбедносни причини и ги повика граѓаните за сообраќај да користат други гранични премини.

Од таму ги повикаа граѓаните да не потпаѓаат на повици или евентуални провокации од криминални лица или групи, туку да соработуваат со косовската полиција, која ќе продолжи да се залага за безбедноста на сите граѓани без разлика, со изведување на осомничените лица пред лицето на правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.