Ранко Радошевиќ (54) од Никшиќ, познат како Ескобар кој погребан во понеделникот на белградските гробишта Орловача, а на неговиот погреб се појави мистериозен маж во придружба на 20 маскирани oд обезбедувањето со чадори отпорни на куршуми, што е случај кога се погребуваат луѓе од подземјето.
Радошевиќ беше беше еден од водачите на таканаречениот клан Никшиќ, близок соработник на „Шкаљарците“ и нивниот убиен водач Јован Вукотиќ. Вакви чадори на погреби има кај мафијашките организации од Италија и Јапонија и има и ефект на заплашување, но не на обичните луѓе, туку на оние кои сами ќе можат да препознаат дека оваа порака е испратена до нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.