Истече амонијак од цистерна во близина на Панчево. Според информациите кои ги објавуваат српските медиуми на едно лице му е укажана лекарска помош и е пренесено во болница, додека дел од населението од околните куќи е евакуирано.
Според информациите, истекувањето се случило околу 23 часот, а во моментов на местото се уште се присутни полициски и противпожарни екипи.
Ова е уште еден ваков инцидент во низата изминатиот период. Во декември минатава година на југоистокот од Србија воз со амонијак излета од шините поради што беа хоспитализирано над 50 лица.
Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку еден од нив паднал во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијак во контакт со вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.