Албанскиот парламент со 113 гласа „за“ и ниту еден против денеска ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, со која се осудува злосторството извршено од српските сили на чело со Ратко Младиќ, кој во Хаг беше осуден на доживотен затвор, јавува Еуроњуз Албанија. . Во гласањето учествуваа и членови на опозицијата.

Како што потсетува Еуроњуз, геноцидот во Сребреница е трагедија што се случи во јули 1995 година во Босна и Херцеговина, кога за неколку дена беа убиени повеќе од 8.000 несрпски лица, главно мажи и момчиња на возраст од 12 до 77 години.

Геноцидот беше извршен на подрачјето на Сребреница од страна на Армијата на Република Српска под водство на Ратко Младиќ, а во него учествуваше и злогласната паравоена единица „Шкорпиони“.

Меѓународниот суд во Хаг го прогласи злосторството во Сребреница за геноцид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.