Капетанијата на пристаништата на Драч во северна Албанија објави дека ќе отвори тендер за изградба на нов товарен терминал во своето најголемо пристаниште, Драч, во првиот квартал од 2024 година.
Првата фаза од проектот доби градежна дозвола по успешното завршување на извршното проектирање на новиот објект, соопштија од управата на пристаништето Драч.
Деталниот проект е подготвен од конзорциум составен од холандската инженерска фирма Royal Haskoning DHV и албанската консултантска фирма Abkons, соопшти претходно Владата на Албанија, пренесува порталот Investor.
Во првите три месеци од 2024 година ќе биде отворен меѓународен тендер за изградба на новото пристаниште Порто Романо. По завршувањето на главниот проект и добивањето на развојна дозвола за 1 фаза од изградбата, ќе се одржи панел-консултација со претставници на НАТО во врска со изградбата на поморската база, која е составен дел на овој стратешки проект.
Новото пристаниште ќе се гради во областа Порто Романо во северозападниот дел на Драч. Постоечкото пристаниште во јужниот дел на градот ќе се трансформира во нов туристичко-станбен проект со марина вредна 2 милијарди евра, а главен инвеститор е компанијата Емаар со седиште во Обединетите Арапски Емирати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.