Амбасадорот Аиво Орав, естонски дипломат со повеќе од 30 години искуство во дипломатијата и прашањата на Европската унија, денеска ја презеде функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

„Новиот амбасадор на ЕУ во Косово ја презема функцијата со визија за напредок“, соопшти денеска Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Во објава на платформата Икс, естонскиот дипломат рече дека со нетрпение очекува тесна соработка со домашните и меѓународните партнери, со цел приближување на Косово до ЕУ.

– Прв ден во мојата нова канцеларија како амбасадор на ЕУ во Косово. Со нетрпение очекувам тесна соработка со нашите локални и меѓународни партнери со цел унапредување на нашите политички и економски односи, поддршка на реформите, приближување на Косово до ЕУ и запознавање со Косово и неговиот народ, напиша Орав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.