Триесетгодишен турист од Крагуевац, Србија, се удавил на плажа на Лефкада додека пливал со пријателите. Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас со цел да се изврши обдукција.

Како што пренесуваат српските медиумит, тој бил на море со својата девојка и двајца пријатели.

Грчкиот остров е познат по плажите на кои има огромни бранови, кои често знаат да бидат кобни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.