Владата на Србија на денешната седница донесе одлука 3 и 4 мај да се востановат како „Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства“, а утврди и одбележувањето на „Недела на сеќавањето и заедништвото“, јави дописникот на МИА од Белград.
Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Владата, е донесена на предлог на Министерството за образование, а на иницијатива на Виктимолошкото друштво на Србија, која ја поддржа Работната група за формирање на Меморијалниот центар во спомен на жртвите на масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.
Одлуката со која 3 и 4 мај се прогласени за Денови на сеќавање на жртвите на масовни убиства, го поттикнува градењето култура на сеќавање на жртвите и се испраќа јасна порака дека жртвите не смеат да се заборават и дека ваквите трагични настани не смеат да се повторат. Различни активности би придонеле за подигнување на свеста на јавноста, особено на младите, за тоа како да се спречат вакви трагични настани да не се повторат, се наведува во соопштенеито од Владата.
Почнувајќи од учебната 2024/2025 година, Министерството за образование во прописите за календарот на воспитно-образовната работа на основните и средните училишта го утврди одбележувањето на „Неделата на сеќавањето и заедништвото“, како негување култура на сеќавање и оддавање почит на невините жртви – ученици и младите преку примери на добра практика реализирани во текот на учебната година, развој и унапредување на хуманоста, емпатијата, толеранцијата, почита и дијалогот.
Членовите на Владата го усвоија и Извештајот за работата на Работната група за формирање на Меморијалниот центар во спомен на жртвите од масовното убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград за периодот од 8 јуни до 6 септември 2024 година.
На седницата на Владата усвоен е Заклучокот за усвојување на Програмата за поддршка на спроведувањето на мерките насочени кон спречување на семејното и врсничкото насилство во 2024 година, за што беа издвоени вкупно 55 милиони динари.
Имајќи предвид дека една од основните цели на Владата на Србија е системска поддршка во однос на спречување на семејното и врсничкото насилство, Програмата утврдува цели, промовирање примери на добри практики, поддршка во спроведувањето на мерките и подигање на капацитетите на професионалците за примената на прописите, за да можат да препознаат и соодветно да реагираат во случаите на насилство, се вели во соопштението на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.