Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа.
Во соопштението наведуваат дека сите пациенти моментално се во стабилни витални параметри и не се опасни по живот и додаваат дека се примени во текот на ноќта, пренесе Бета.
Според лекарите, децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести се свесни, комуникативни и имаат стабилни витални параметри. Поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно лекување.
Во текот на ноќта шест пациенти се пуштени на домашно лекување, а останатите извесно време ќе бидат задржани на натамошно следење.
Меѓу оние кои ќе бидат задржани на лекување има и 59-годишен маж со повреди на градниот кош и 49-годишен маж со проблеми со срцето.
Во Пирот има вонредна ситуација поради истекување на амонијак од превртен вагон. Затворени се училиштата, градинките и јавните установи. Министерот за градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека на пет локации во Пирот извршени се мерења и не е евидентирано присуство на амонијак
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.