Откако Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, на официјалната фејсбук страница на американската амбасада со свој став излезе Aмбасадорката Ангела Агелер.

„Народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери.САД ќе продолжат да повикуваат секој – без оглед на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Македонија, напиша Агелeр.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.