Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Бета.
Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија.
Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања – најчесто дијабетес и хипертензија.
Повеќето од досега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница.
Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.