Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон која со освоените медали во трките на 1.500 и 5.000 метри беше една од хероините на Олимписките игри во Париз, се соочи со непријатности во татковината, откако статуата која во нејзина чест ја изработи аматерски скулптор е отстранета поради поплаки од локалното население.

Според извештаите на локалните медиуми, статуата на 30-годишнта атлетичарка прикажана во маичка со кениското знаме е отстранета набрзо по нејзиното поставување во градот Елдорет,

Статуата ја прикажува Кипјегон во спринтерска поза, како држи нешто наликува на мачета – далеку од стандардниот приказ на олимписки победник.

Интерпретацијата на уметникот предизвика бран од хумористични реакции на Интернет. Корисниците на социјалните мрежи ја исмеваа статуата како шега, а некои ја нарекоа срамна, додека други повикаа „скулпторот“ да биде уапсен или кривично гонет.

Кипјегон испиша историја на Игрите во Париз кога стана првата жена која освоила три последователни олимписки златни медали на 1500 метри, соборувајќи ја границата со нов олимписки рекорд од 3:51,29 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.