Српскиот бек Матија Николиќ ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со Вардар, со опција да ја продолжи соработката на уште една година.

Николиќ е третото засилување за „црвено-црните“ за новата сезона, откако претходно Вардар потпиша договори со Марко Срдановиќ и Стефан Петриќ.

Младиот српски бек во изминатите три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.