Ракометната Федерација на Македонија денеска го одржа најавениот прес за големиот ракометен спектакл кој ќе се одржи на стартот на 2023-та година, настан кој ќе има и хуманитарна цел.
Околу 20 македонски пензионирани играчи ќе бидат дел од настанот со ракометно-музички карактер, од кој покрај големите ракометни имиња, ќе бидат дел и Сашко Коцев, Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.
– Јас полека влегувам во десеттата година од мојот мандат во РФМ. Голем број од овие играчи кои се пензионираа ги фатив во зенитот на кариерите и добар дел веќе не се активни. На нивно место дојдоа нови играчи, нови генерации. Младите ги заменија нивните идоли во репрезентацијата.
– Ова ќе биде одлична можност да им се заблагодариме на 20 Македонци кои со полно срце, посветеност и страст ги бранеа боите на Македонија. Ракометарите заслужуваат и повеќе, поради Ковид не можевме порано да го организираме овој настан. Ги поканувам сите да дојдат, им се заблагодарувам и на уметниците кои ни се приклучија на овој настан. Настанот ќе има хуманитарна цел, сите средства ќе бидат донирани во СОС „Детското село“. Целта е да собереме околу еден милиони денари, се надевам дека цела сала ќе биде полна, – изјави Мукаетов.
Ревијалниот натпревар меѓу легендите и актуелните репрезентативци ќе се одигра на 3-ти јануари во „Борис Трајковски“, а стартот на мечот е закажан за 19:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.